Поделба на бодовите меѓу Сосиедад и Вилјареал, Барса убедлива

Фудбалерите на водечкиот клуб во шпанското фудбалско првенство Реал Сосиедад во последниот вечерн неделен меч од 11-то коло одиграа на домашен терен 1:1 во дербито со Вилјареал и успеаја бодовно да останат на врвот на Ла Лига.

Двата погодока беа потигнати од казнени удари. Гостите го реализираа нивниот пенал во 6 минута преку Жерар Морено, а израмнија домашните преку пеналот на Микел Ојарзабал во 33 минута.

Рел Сосиедад остана на врвот на табелата со 23 бодови, бод повеќе од Атлетико Мадрид кој има два натпревара помалку, а Вилјареал е трет со 20 бодови, три бода повеќе од четвртопласираниот Реал Мадрид кој има одиграно десет натпревари. Петта е Севлија со 16 бодови, но од одиграни девет првенствени мечеви.

Барселона иао на својот „Ноу Камп“ славеше против Осасуна убедливо со 4:0, повторно ја демонстрираше својата голема слабост оваа сезона, зашто гостите најмалку четири пати беа во одлични ситуации да постигнат погодок, но Марк Тер Штеген со чудесни интервенци ја сочува својата мрежа, а во некои случаи придонесе и брзоплетоста на гостинските напаѓачи.

Барса, исто така, создаде безброј убави прилики пред противничкиот гол, а најубавиот момент беше кога во 42 минута Антоан Гризман со феноменален волеј од работ на шеснаесетникот го удвои водството, откако домашните претходно поведоа со голот на Мартин Брајтвајт во 29 минута. Другите два погодока ги постигнаа Филипе Коутињо во 57 и Лионел Меси во 73 минута, кој овој погодок го посвети на неодамна починатиот сонародник Диего Марадона.

Барселона, која со оваа победа го поправи соодносот меѓу победи и порази на 4 – 3 со две ремија од почетокот на сезоната, сега е седма со 14 бодови од девет натпревари. Осасусна со меч повеќе има 11 бодови и е 15-та.

Во неделата Хетафе и Атлетико Билбао ремизираа со по еден постигнат погодок во противничката мрежа. Гостите поведоа во 8 минута преку Асиер Виљалибре, а домашните израмнија во 75 минута со голот на Анхел Родригез.

Атлетик сега е деветти со 13 бодови, колку што има и Хетафе но поради послабата гол разлика е на 11-то место, зад Елче а пред Алавес исто така со 13 бодови.

Селта Виго со 3:1 дома ја совлада Гранада. Гостите поведоа во 25 минута со голот на Луис Суарез, но по само две минути израмни Нолито. Селта конечниот пресврт го направо во 81 и во 85 минута кога погодија Мигуел Баеза и Фран Малтран.

Победата на Селта и овозможи бодовно да се приклучи на групата екипи со 10 бодови, но уште е на 18-то место, во зоната на испаѓање, со два односно три бода предност пред претпоследниот Леванте и последната Уеска. Гранада, пак, е осма на табелта со 14 бодови.