Подолски: Аргентина заслужи победа

Фудбалскиот репрезентативец на Германија Лукас Подолски, изјави дека првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Франција, против селекцијата на Шкотска ќе биде интересен.

Членот на Арсенал нагласува дека националниот состав на Аргентина заслужил да победи во дуелот во Дизелдорф.

„Гаучосите“ успеаја да слават победа со 4:2 во дуелот на селекциите кои се натпреваруваа и за насловот во Бразил, на Светското фудбалско првенство.

„Овој дуел беше добар. Аргентина 5 пати шутираше и постигна четири погодоци, ние од 15 реализиравме два обида. Во одличен натпревар, потребна е среќа“, вели Подолски.

Како и да е, фудбалерот на „Топџиите“ ветува подобро издание на тимот против Шкотланѓаните.

„Ќе биде интересно. Репрезентациите како Шкотска и како Ирците се квалитетни на домашен терен, со тоа што нашата цел е победа, успехот е важен“, заклучи Подолски.