„Подравка“ го повлече од продажба производот „вегета маестро“ мелница за крупна морска сол

Компанијата „Подравка“ го повлече од пазарот производот „вегета маестро“ мелница за крупна морска сол, во пакување од 100 грама, поради можно присуство на „парчиња туѓо тело“ во него.

Производите на „Подравка“ д.д. се повлечени со следните датуми на истекување – најдобро е да се користи до: 4 април, 8 март, 15 мај, 9 јуни, 19 јули, 15 август, 8 септември и 6 ноември 2024 година, како и 12 февруари, 14 мај, 27 јуни, 9 јули , 23 август, 21 септември 2025 година и 7 јануари 2026 година.

– Причина за повлекувањето на производот е можното присуство на парчиња туѓо тело во него – се додава во соопштението.

Компанијата ги повика потрошувачите, кои, можеби ,ги поседуваат споменатите производи – да ги контактираат.