Поголеми казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на казнените одредби за сообраќајни прекршоци, со предлогот ќе има поригорозни казни за оние кои брзо возат, зборуваат на мобилен телефон и не носат безбедносен појас.

За тоа што покажа досега спроведената кампањата на министерството за внатрешни и може ли да се очекува дека новата позаострена казнена политика ке ги направи возачите повнимателни во ветите на Канал 5 зборуваше инспекторот на МВР Иво Најдовски.

-Министерството за внатрешни работи предвидува засилени казни во однос на потешките прекршоци, изјави Иво Најдовски.

Тој предупреди дека заострени казни ќе има за прекршокот надминување на лимитот за брзината дозволен на патиштата.

– За прекршување на брзината од над 50 км на час од дозволеното предвидена е казна од 500 евра во денарска противвредност, потенцираше инспекторот Најдовски.

Целиот разговор со инспекторот на МВР Иво Најдовски и подетални информации за казните во видетото во продолжение.