„Појадок на мост“ денес по петти пат

Денеска од 9 до 11 часот, на Камениот мост и на мостот Око, по петти пат ќе се одржи традиционалната Манифестација „Појадок на мост 2014“.

Манифестацијата е под покровителство на Град Скопје, во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.

На „Појадок на мост 2014“ ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.