Политичар ја претепа љубовницата со метла

Српскиот политичар Момчило Атанасовиќ со метла ја претепал поранешната љубовница, Слаџана Џорџевиќ.

Според податоците на српскиот Курир, тој ја претепал девојката со која бил една година во врска бидејќи се сомневал дека му работи зад грб зошто не ја вработил во Општината. До расправијата дошло во средата навечер пред куќата на Момчило.

– Бевме година во врска, ми вети работа бидејќи сум самохрана мајка, но не го исполни ветувањето. Пред три години откако раскинавме добив отказ зошто не сакаше да бидам во близина, вели Слаџана за Курир.рс и додава дека го молла да ја врати на работа заради детето, но не сакал.

Кога се сретнале последен пат, со метла ја истепал пред очите на нејзината 15-годишна ќерка.

Политичарот ќе одговара за делото.