Поливалентни вакцини ќе се воведат следната година

Министерството за здравство наскоро ќе распише тендер за набавка на поливалентни вакцини.

„Преговараме моментално, се слушаме со производители, бидејќи нашите сознанија се дека резерви на поливалентни вакцини навистина нема во блиско време. Треба навреме да се резервираат, но ние како Министерство од сега ќе распишеме тендер, ќе се обидеме да ги резервираме и штом ги добиеме веднаш ќе почнеме со поливалентните вакцини, изјави Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.

Според владината стратегија се планира седната година да се воведат поливалентните вакцини, во 2017 вакцината против стрептококус пнеумонија, а во 2010 вакцината против рота-вирус.

Нивото на имунизација во Македонија е над 95 проценти, а за имунизацијата се користат квалитетни и безбедни вакцини, посочија здравствените работници надлежни во делот на имунизацијата на стручниот состанок организиран од Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом Скопје.

Според Светската здравствена организација, околу три милиони лица годишно умираат од заболувања што можат да се превенираат со вакцинација. Од нив, 1,5 милиони се деца до петгодишна возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.