Положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на државниот празник 2-ри Август, делегација предводена од директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска ќе положи цвеќе на саркофагот на македонскиот илинденец и преродбеник Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.

Спасески, како што соопшти АМС, ќе биде придружуван од планинари-спортисти од Македонија и странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.