Полска: Владата на Моравјецки положи заклетва, опозицијата зборува за „фарса“

Новата полска влада на премиерот Матеуш Моравјецки во понеделникот положи заклетва пред претседателот Анджеј Дуда, иако најверојатно ќе трае само до декември, во, како што велат опозициските партии, „фарсата“ чијашто цел е да го одложи преземањето откако опозицијата севкупно освои мнозинство на октомвриските избори.

Конзервативната националистичката партија Право и правда (PiS), која е на власт од 2015 година, освои најмноги пратенички мандати на изборите, но не може да ги собере потребните 231 глас за мнозинство и се чини дека нема да добие доверба во парламентот.

Широката алијанса на ткн проевропски партии, предводена од лидерот на Граѓанската платформа, Доналд Туск, обезбеди 248 места и изјави дека е подготвена да формира влада, но сојузникот на PiS, претседателот Дуда, според одредбите му ја даде првата шанса на премиерот Моравјецки.

„Ние се држиме до традицијата со назначување влада составена од кандидат избран од политичкиот табор кој победи на парламентарните избори“, рече Дуда откако министрите ја дадоа свечената обврска.

Моравјецки претходно побара од претседателот Дуда да назначи нови министри, изјави во понеделникот портпаролот на преодната влада Пјотр Милер.

Следниот чекор е Моравјецки да добие доверба за две седмици, но со оглед на бројот на гласовите во парламентот, тоа во моментов изгледа малку веројатно.

Обидите на PiS да формира влада изгледаат осудени на неуспех. Моравјецки во рок од 14 дена од полагањето заклетва на новите министри мора да побара од парламентот, во кој нема просто мнозинство, гласање за доверба на владата. Освен министерот за одбрана Мариуш Блашчак, во новата влада нема познати политичари на PiS.

На изборите на 15-ти октомври, три проевропски партии предводени од Туск освоија мнозинство од 248 пратеници од вкупно 460-члениот парламент. Во тек е прецизирање на меѓупартискиот коалиски договор. PiS има 194 пратеници, но нема коалициски партнери. Опозицијата го обвинува Дуда дека со седмици ја одолговлекува промената на власта. Гласањето за доверба на владата на Моравјецки треба да се одржи на 11-ти декември. Дури и откако тој нема да добие доверба, што е извесно според политичките коментатори, Дуда треба да го даде мандатот на опозицијата.Матеуш

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.