Помош од 350 милиони евра од ЕУ за Западен Балкан и Турција

Европската унија планира до 2020 година за развој на цивилното општество во државите од Западен Балкан и Турција да издвои околу 350 милиони евра преку ИПА фондови. Тоа го изјави Никола Бертолини, шеф на одделот за проширување на ЕУ.

Тој на регионална конференција Мониторинг на ЕУ за поддршка на организации од цивилното општество во државите во процесот на пристапување-година 1, прецизираше дека тоа е двојно повеќе отколку во изминатите седум години, јави Танјуг.

Во работата на конференцијата учествуваат околу 100 претставници на цивилниот сектор, јавни институции од Западен Балкан, Турција и ЕУ кои денеска разговараа за состојбата и напредокот на цивилниот сектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.