Пончо – за топла и модерна есен

Пончо дефинитивно е ултимативно парче облека за сезоната есен-зима. Покрај тоа што е тренди, воедно и не грее во ладните денови.

Овој естетски привлечен и практичен детал влече корени уште од традиционалните парчиња облека. Пончо носеле американските домородни жители, а на шпански јазик значи волнен материјал чија намена е да го згрее оној кој го носи, како и да го штити од временските непогоди.

Оваа сезона пончото повторно стана хит, но овојпат во знак на шеесетите години и хипи стилот.

Пончото феноменално одговара за сите кои ја ценат удобноста и оние кои сакаат да се затоплат кога надвор е ладно – а тоа секако ќе го сторат „стајлиш“ кога е во прашање почното.

p1

p2

p3

p4

p5

p6

p7

p8

p9

p10

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.