Пониски цени до 40 осто за струја за малите претпријатија

Пониски цени до 40 отсто ќе добијат малите претпријатија кој ќе се спроведе со втората фаза од процесот на либерализација на пазарот за електрична енергија, сметаат од ЕДС.

Најголема заштеда од 40 отсто ќе добијат фирмите кои се приклучени на вториот тарифен степен, а за останатите просечното намалување ќе биде од 25 до 30 отсто, вели Кочо Анѓушев, сопственик на компанијата.

Во оваа фаза од либерализацијата ќе бидат опфатени од 15 до 20 илјади компании, а ќе почне да се реализира од 1 септември.

Од април оваа година со елетрична енергија почнаа да се снабдуваат средните претпријатија и досега не се појавил никаков проблем. ЕДС снабдуваат 70 компании од вкупно 200 кои побаруваат 320 мегавати електрична енергија.

„Бенефит има за компаниите, а тоа го покажуват и сметките кои веќе ги добија и кај сите покажуваат намалување. Кај Брако за 27 отсто, Гранит 35 отсто, кај банките над 40 отсто“, вели Анѓушев.