Попоски и Нуланд разговараа за решавањето на политичката криза

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денес оствари средба со помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европски и Евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на нашата држава.

poposki-nuland1

Напредокот во решавањето на внатрешно-политичката криза во контекст на евро-атланската интеграција на Република Македонија беше главна тема на средбата.

poposki-nuland2

Попоски и Нуланд разменија мислења и за низа актуелни теми од регионален карактер, безбедносните предизвици, како и за активностите во рамките на глобалната коалиција за борба против тероризмот, информираат од Министерството за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.