Популарен пијалак можеби е тајната за долговечност, сметаат стручњаци

Научници откриле интересно својство во еден од најпопуларните пијалаци, откако се покажало дека биоактивните компоненти содржани во него го намалуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања и го продолжува животот, но истакнуваат дека притоа не смее да се консумира со млеко што е честа практика, според статијата објавена во стрчното списание European Journal of Preventive Cardiology.

Рaспоространетите и често фатални болести, во што предничат мозочните удари и кардиоваскуларните заболувања, предизвикуваат загриженост околу стареењето, а луѓето постојано се трудат што е можно повеќе да го продолжат животот. Меѓу мноштвото пијалаци на кои им се припишуваат лековитите својства новата студија го издвојува чајот. Но поентата не само за самиот пијалак, туку треба да се избере и вистинскиот тип.

Научниците веруваат дека чајот може да помогне во долговечноста, и да се намали ризикот од мозочен удар и срцеви заболувања. Така, биле истражувани случаи на рак, срцев или мозочен удар кај повеќе од 100.000 пациенти. Тие биле поделени во две групи, на оние кои пиеле чај три или повеќепати седмично, а другите кои ја немале таквата практика.

Во седумгодишното истражување, научниците откриле дека кај оние коишто редовно пиеле чај, ризикот од срцев и мозочен удар, како и смртта од овие заболувања бил за 20 отсто помал. Истовремено, веројатноста за предвремена смрт од вообичаените причини е намалена за 15 отсто.

Откако ги анализирале податоците, научниците откриле дека кај оние 50-годишници коишто редовно консумирале чај, болестите на кардиоваскуларниот систем и мозочен удар се развиле во просек 1,41 година подоцна од оние кои немале такви навики.

„Заштитните ефект на чајот најдобро беа забележани во групата испитаници коишто редовно пиеле чај“, истакнуваат авторите на студијата.

Претпоставуваат дека главните биоактивни компоненти на овој пијалак, особено полифенолите, не се складираат во организмот подолг период.

„Оттаму, за да се постигнат кардиопреотективните ефекти, чајот треба да се консумира почесто и подолг временски период“, појаснува еден од главните автори на истражувањата д-р Дингенг Гу.

Научниците, исто така, истражувале зошто чајот ги спречува кардиоваскуларните болести. Во студијата, само 8 отсто од учесниците консумирале црн чај, а 49 отсто пиеле зелен чај.

„Консумирањето чај е поврзано со помал ризик од срецеви заболувања и смрт од вообичаените причини. Најкорисен ефект врз здравјето се постигнува со пиењето зелен чај и непрекинатото пиење долго време“, вели водечкиот автор Ксинјан Ванг.

Се верува дека зелениот чај е добар извор на полифеноли, кои играат важна улога во превенцијата на кардиовскуларните болести. Овој колоквијален термин, исто така, се однесува на коронарна инсуфициенција, што потенцијално може да води до мозочен удар.

Придобивките од зелениот чај се особено забележливи во споредна со црниот чај, при ферментацијата кога полуфенолите оксидираат, а добиениот пијалок ги губи своите антиоксидантни својства. Ситуацијата ја усложнува тоа што вообичаено е црниот чај да се консумира со млеко во него, а тоа ги уништува потенцијалните позитивни ефекти на пијалакот.

Во рамките на истото истражување била направена и дополнителна анализа на видовите чаеви. Се испоставило дека оние коишто пиеле зелен чај имале 25 отсто помали шанси да развијат фатални срцеви заболувања и мозочен удар, како и ризик од предвремена смрт од други причини. За црниот чај не бил идентификуван таков однос.