Пороен дожд ги поплави улиците во Загреб, има паднати дрва

Попладнево пороен дожд предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, соопшти цивилната заштита.

Поплавени се улици и подрумски простории, а неколку дрвја паднаа врз паркирани возила и објекти, јавија загрепски медиуми.

Околу 50 граѓани побараа интервенција на пожарникари и комуналните служби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.