Постапка при потреба од медицинска помош во текот на полицискиот час, злоупотребите ќе бидат казнувани

Граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внтарешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на информативанат видеосесија на Владата.

Информираше дека кога некому му е многу лошо, а во тој случај времето е драгоцено, граѓаните нема да имаат потреба да се јавуваат на бројот на итната помош 192, ниту  да бараат дополнителна дозвола за движење.

„Доволно е  да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од полициските патроли доволно е само да кажат дека од здравствени причини се упатуваат до одредена ликација и точно да кажат во која болница се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и ќе бидат пропушени“, појасни Петровска.

Дополнително, рече таа, полицијата ќе изврши контрола преку системот дали навистина лицето се упатило на таа адреса. Доколку се потврди дека лицето е таму и се наоѓа во некоја здравствена установа ќе нема никакви реперкусии, но доколку се утврди дека го злоупотребил полицискиот час ќе следат санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.