Потегот кон Рамос го чинеше Ловрен казна во хрватската репрезентација

Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен е казнет и ќе го пропушти наредниот натпревар на националниот тим поради навреди на социјалните мрежи кон шпанската репрезентација, кога Хрватите славеа со 3: 2, во рамки на дуел од Лигата на нации.

Ловрен објави видео на Инстаграм, на кое се пофали како го удира со лакт дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос и воедно даде навредливи коментари за шпанскиот тим.

Уште по самиот натпревар, Ловрен изјави пред новинарите дека Шпанија е „груб тим, кој не умее да губи”.

Поради казната, одбранбениот играч на Ливерпул ќе го пропушти следниот натпревар на Хрватска против Азербејџан, во март, од квалификациите за Евро 2020.