Потпретседателката на ЕП негира дека примила пари од Катар

Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили

Потретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, осомничена во истрагата за перење пари и корупција во законодавниот дом на Европската унија, негирала дека примила пари од Катар, изјави во вторникот во Грција еден од нејзините адвокати.

Каили, која доаѓа од редовите на социјалистите и е една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент, бише меѓу четирите уапсени лица и обвинети во Белгија изминатиот викенд под обвинение дека од Катар земале големи суми и подароци за да влијаат при носењето одлуки.

„Нејзиниот став е дека е невина, тоа можам да ви го кажам Таа нема никаква поврзаност со финансирање од Катар, ништо – изрично и недвосмислено. Тоа е нејзиниот став“, изјави за грчката јавна телевизија Михалис Димитракопулос, адвокат кој ја застапува Каили во Грција.

Додаде дека неговата клиентка „не преземала никакви комерцијални активности во својот живот“.

Грција го понеделникот ја замрзна целата сопственост на Каили во земјата. Европскиот парламент подоцна во вторникот ќе гласа за одземање на нејзиниот мандат.