Потребни документи за прием во задолжителното здравствено осигурување на лица со ниски примања

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, по добиените информации од терен и воочената пракса, со цел за подобра информираност на осигурените лица со ниски примања во врска со прибавувањето на документацијата која е потребна за прием на овие лица во системот на задолжителното здравствено осигурување кое го покрива Фондот, известува за следното:

– Невработените лица кои за прв пат се пријавуваат во ФЗОМ за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени лица.

Тие лица во Подрачната служба на Фондот треба  да поднесат барање за остварување на право на здравствено осигурување (теркот на барање е достапен преку веб страницата на ФЗОМ, www.fzo.org.mk или на  шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ). Кон барањето се приложува следната документација:

  • Пријава за задолжително здравствено осигурување
  • Копија од извод од матична книга на родени, односно венчани
  • Копија од лична карта со согласност на подносителот на пријавата
  • Здравствена легитимација

Од ФЗОМ укажуваат на олеснувањата во постапката за пререгистрација на невработените лица кои имаат континуитет во здравственото осигурување, односно кои во текот на 2014 година извршиле регистрација во Фондот. Тие од 1 април нема да има потреба да доаѓаат и да носат документи на шалтерите во подрачните служби на Фондот за нова пререгистрација.

 

Со реализацијата на овој проект во насока на административни олеснувања во работењето се постигнува: осигурениците побрзо да ги остваруваат своите права, поефикасно работење и намалени гужви во подрачните служби на ФЗОМ, како и побрза размена на податоци помеѓу институциите ФЗОМ и УЈП.

 

Фондот за здравствено осигурување на Македонија останува доследен на реализација на проекти кои ќе овозможат побрзо и поквалитетно да ги остварат правата од областа на задолжителното здравствено осигурување.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.