Повисоки пензии, нов спортски објект, учебници за секое дете, рекордни 250 милиони евра за општините…

-На прво место ни се граѓаните и мислам дека ќе имаме еден од најдобрите резултати во историјата. Сакам да покажеме дека заеднички можеме многу да направиме. Ќе имам многу средби со граѓани, јас сакам да сум со народот. Македонија е на само една недела пред почетокот од изборната кампања за претседател на државата и на неполн месец од почетокот на кампањата претстојните парламентарни избори, изјави Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во гостувањето во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.

-Партиите ги прават последните подготовки за настап на двојните избори, програмите се веќе подготвени, а дел од проектите граѓаните веќе може да ги слушнат. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма за парламентарните избори најави 1198 проекти, а дел од нив беа презентирани во јавноста од потпретседателот на партијата и носител на листа во ИЕ 2, Владо Мисајловски.

Повисоки пензии, учебник за најмладите, нов спортски објект во Гази Баба, рекордна инвестиција во спортот, реформи во судството, земјоделието, културата… Мисајловски најави и големи инвестиции во екологијата.

На прво место ни се граѓаните и мислам дека ќе имаме еден од најдобрите резултати во историјата. Сакам да покажеме дека заеднички можеме многу да направиме. Ќе имам многу средби со граѓани, јас сакам да сум со народот, кажа Мисајловски