Повластена цена за ковид тестови во „Аџибадем Систина“ со осигурување од „Кроација“

До 15 септември со секоја купена полиса за патничко осигурување од „Кроација осигурување“ на  корисниците им следуваат тестови за ковид-19 по повластена цена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Повластената цена за добивање на PCR тест, односно за молекуларна детекција на SARS-CoV-2 за сите иматели на патничко осигурување од „Кроација“ изнесува 950 денари. Во понудата е вклучен и брз антиген ковид-19 тест со цена од 900 денари, а резултатите од тестирањето се добиваат за 40 минути, соопшти „Кроација осигурување“.