Повреда при секс: Дознајте која е најопасната поза

Зачинувањето на сексуалниот живот со испробување различни пози може да се покаже одлично за задоволување на жената, но воедно може да биде и опасно. Токму затоа треба да знаете кои секс пози претставуваат поголем ризик за повреди, а кои се побезбедна варијанта.

Според истражувањето што го пренесе британски „Телеграф, позата во која жената се наоѓа горе е најопасна.
Податоците покажале дека половина од повредите на пенисот при секс, мажите ги здобиле токму при оваа поза.

Втора поза на ваквата листа е „доги стајл“ (29%), додека пак традиционалната мисионерска поза во која мажот се наоѓа одозгора се наоѓа на третата позиција (21%).

За да дојдат до овие податоци, истражувачите направиле 13-годишно истражување во кое прибирале податоци за вакви повреди. Просечната возраст на мажите кои се пожалиле на повреди е 34 години, а некои од мажите чекале и по шест часа пред да побараат медицинска помош.

„Според нашето истражување, сексуалниот однос при кој жената е одозгора е потенцијално најризичната поза која се поврзува со фрактури на пенисот“ – стои во заклучокот на истражувањето.

Причината поради која оваа поза е најризична е фактот што во оваа поза жената го контролира движењето со целото тело и не може да ги прекине движењата кога ќе дојде до погрешна пенетрација. Жената во овој случај не чувствува болка, за разлика од мажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.