Повредени работници на градежен објект

Двајца работници се повредени вчера додека извршувале работни обврски на објект во изградба на патот Тетово-Јажинце, кај Лешок.  Поради повредите тие морале да бидат однесени во болница.

-Во објект во изградба на магистрален пат Тетово – село Јажинце, додека Ш.Ш. (42) од село Ѓермо и Д.Д.(27) од село Радиовце, општина Брвеница изведувале градежни работи во фирма сопственост на П.Б.(70) од Тетово, се здобиле со повреди. По незгодата лицата биле пренесени во Клиничка болница Тетово, соопшти денес СВР Тетово.

Полицијата ќе работи на случајот со цел да се расчистат сите детали од инцидентот.