Повторување на историјата

За почеток една анегдота: „Денес глупите го изучуваат англискиот јазик, носталгичарите – рускиот, футуристите – кинескиот, а реалиститите го изучуваат јазикот „Калашников“. Ако овие зборови ви изгледаат чудни, еве ги зборовите на генералот Весли Кларк, поранешен главбнокомандаш на војските на НАТО во Европа: „Ги предупредувам европејците да не веруваат дека во границите на Новиот светски поредок, САД ќе се воздржат да организираат напад врз Европа ако се загрозени нивните интереси, притоа во тој воен напад ќе се користи нуклеарно оружје.

Целосно САД не се заинтересирани да ја менуваат сиромаштијата во повеќето држави кои имаат корумпирани  и одвратни управувања. САД нема да бидат долго стрпливи кон европската нуклеарна и економска моќ.“ Тие зборови не се шега. Кажани се уште во 1991 година и веќе дваесет и пет години се потврдуваат со исклучок на воениот напад.

За толку години Европа е на крстопат. Западниот дел ги славеше уништивањето на Берлинскиот ѕид и симнувањето на комунизмот, ветуваше обединување на цела Европа преку ЕУ. Но, за да ја оствари целта мораше да се судри со САД, а немаше ниту воена ниту економска моќ за таков судир. Источноевроспкиот дел бараше да се приклучи кон ЕУ, но не можеше да понуди нишо надвор од послушност. Таа послушност ја искористи САД,кои покрај двете мамки “економска безбедност“ (преку ЕУ) и “воена безбедност“ (преку НАТО) ја реализира стратешката цел за опкружување на Русија. Цел која ја реализира добробволно во споредба со Хитлер кој ја освои Европа со војна. Всушност и САД како и Хитлер по патот кон целта имаа мала војна со Србија.

Силите на НАТО (подразберете САД) во Источна Европа во практика ја уништија ЕУ како пред тоа, кога ја уништија и самата идеја за Обединета Европа. Затоа што започнатото обединување одеше по два колоска-економски во интерес на ЕУ и геополитички во интерес на САД. На пример Финска стана членка на ЕУ во истата година како и Шведска-1995 година, за тоа што е сосетка на Русија. Во 2004 година од геостратешки причини беа примени во ЕУ осум од поранешните социјалистички држави, а во 2007 и Бугарија и Романија. Ширењето на НАТО во Источна Европа ја потврдува таа поврзаност. Полска, Унгарија, Бугарија, Романија беа примени во НАТО пред да станат членки на ЕУ, абалтичките држави Литва, Естонија и Литванија станаа истовремено членки на двете отрганизации. Нивното членство во 2004 година беше забрзано откако Путин во Кремљ го замени растроениот Елцин.

Фактот дека НАТО почна да господари во Западна Европа уште пред создавањето на ЕУ (таа беше создадена во 1992, а НАТО постои од 1949) а потоа имаше предност и во Источна Европа во однос на ЕУ, покажува дека денес поголемиот делод Европа е воен блок под политичка и воена контрола на САД. Се разбира дека таков воен блок не може да биде ниту економски ниту трговски конкурент на САД, а уште помалку политички. Затоа американските служби слободно ги прислушуваат и најголемите европски лидери. Всушност, тоа не се лидери ами обични американски марионети на чело со Меркел. За утеха на нивната мизерна улога тие пишман лидери се држат господарски кон државите од Западниот Балкан и демонстрираат моќ во однос на Грција. Затоа што и во самата ЕУ државите како Унгарија и Чешка почнаа да им покажуваат заби. Моментално се водат тајни преговори (практично не станува збор за преговори, туку за ултиматум) меѓу САД и ЕУ зад т.н. трансатланска трговска соработка. Со тој Договор ЕУ се трансформира официјалново економски и трговски додаток на САД. Ако ги додадеме кон тоа и политичката и воената контрола јасно е дека Европа станува дел од колонијалната империја на амриканците. Со трансатланскиот Договор целта е спротивставување на влијанието на државите од БРИГЗ (Кина, Русија, Бразил, Индија и Јужна Африка) кое е  се поголемо во светот.

Се знае дека САД се спремни да војуваат со Русија до последниот европеец. На истиот начин тие беа готови да војуваат со Хитлер до последниот Русин. За тоа руските жртви во Втората светска војна беа дваесет и шест милиони луѓе, а САД дадоа четиристотини и осумнаесет илјади жртви. Во време на т.н. Арапска пролет (2010-2011) пишував дека таа е диверзија на Американците со три цели: менување на незгодни “диктатори“ како Моамер Гадафи, Башар Асад и на веќебезвредниот американски пријател Хосни Мубарак; дестабилизација на цела Северна Африка и на Арапскиот Полуостров сополитичка и економска контрола на САД и дестабилизација на Европа преку моќен емигрантски бран. Не погодив дека овој бран ќе помине не преку Шпанија и Италија, туку преку Турција и Балканот. Тоа е американски стратешки потег да ја дестабилизираат Турција и преку војна на Балканот да ја дисциплинираат Европа. Исламската држава, како пред тоа и Ал Каеда се директно создадени од САД за радикализирање на исламот во контекст на нивната доктрина промовира на Хантингтон за “судир меѓу цивилизациите“. Преку конторлиран хаос Американците се обидуваат да го продолжат своето владеење со светот.

Европа се лаже дека ако биде колонија на Американците ќе се спаси од светскиот судир меѓу САД и БРИГЗ. Американските бази во Европа со нуклеарно оружје се доказ дека тие се спремаат за војна од европските земји за да ја зачуваат својата територија. За дисциплинирањето на тие земји ќе се користи од една страна зголемениот емигранстки бран, а од друга-поврзаниот со него радикален исламизам. Целта е едноставна: се поголеми жаришта на Арапскиот Полуостров-се поголем емигрански бран-се повеќерадикални исламисти во Европа. Во американската стратегија прво мора да пламне Балканот. Албанските терористи се корисни за локална дестабилизација. За тоа на помош доаѓаат исламистите. За да се спаси ЕУ веќе го отпиша Балканот. За тоа врши притисоци врз Македонија и Србија да организираат кампови на нивните територии за стотоци илјади емигранти. Само што на истиот начин на кој ЕУ го отпиша Балканот САД ја отпишаа Европа. Нивната “поткрепа“ за континентот ќе биде како сегашните бомбардирања во Сирија. Со еден збор европејците мора да избираат дали да бидат на мета на руските ракети или на американските.

Во контекстот на почнатиов (иако официјално необјавен) светски судир Балканот се однесува како сенилно дете. Словенците и Хрватите се во судир за чаша морска вода, Бугарија и Романија се надеваат на американските бази на нивните територии, Албанија и Босна се лажат дека состојбата им одговара. Најчудни се Македонија и Србија. Во моментот кога Европа е избришана од големите светски играчи двете земји бараат почеток на прегови за ЕУ. Уникатно! Србија барем не сака зачленување во НАТО, а ние гориме од желба  да бидеме топовско месо во идната војна. На истиот начин нашите претходници во Првата светска војна војувале еден спроти друг за славата на Грција, Бугарија и Србија. Само што тогаш имале илузии дека војуваат за себе. Денес веќе без илузии сакаме да војуваме (и го правиме тоа во Ирак и во Авганистан, иако не сме членка на НАТО) отворено за други интереси. Што е тоа? Идиотизам во континуитет.

П.С.

Во минатата колумна напишав дека мора под итно да се замени министерот за Одбрана, Јолевски со потврден македонски патриот. Наместо тоа, денес го разрешуваат началникот на Штабот на АРМ, генерал-полковникот Горанчо Котевски. Веќе ништо не ме чуди во Македонија.