ППД Загреб договори големо засилување, доаѓа Вуко Борозан!

Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб договори големо засилување за следната сезона. Дресот на „плинарите“ ќе го носи Вуко Борозан, еден од најдобрите ракометари на Црна Гора.

Искусниот бек шутер во своето „SV“ има бројни настапи на големи натпреварувања, а со Вардар во 2017 година го забележа најголемиот успех во кариерата, освојувајќи ја Лигата на шампионите. Во ППД Загреб одново ќе соработува со легендарното хрватско крило Иван Чупиќ, кое исто така беше дел од историската титула на Вардар пред пет години.

Борозан во својата кариера пред осум години веќе настапуваше за хрватски клуб – Карловац. Од Карловац замина во Металург, кај Лино Червар, а две сезони помина во германската Либек. Во Вардар играше три сезони пред да се пресели во Веспрем во 2019 година, каде се задржа две сезони. Последен клуб во кој настапуваше пред да дојде во ППД Загреб е Ал Араби од Катар. За црногорската репрезентација одигра 28 натпревари и постигна дури 93 гола.

Покрај Борозан хрватскиот шампион досега го засилија уште Кос од Извиѓач, Милиќ од Нант и Пањтар од Горење. Засега тимот го напуштија голманот Ивиќ, Матановиќ, Вистороп и Мандиќ. На Шипиќ му истече договорот, но тој сè уште нема клуб.