Предупредување до Американците за опасност од терористички напади во Европа

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување до американските државјани на зголемената опасност од терористички напади во Европа, особено во периодот на Божиќните празници, пренесуваат британските медиуми.

„Доверлива информација покажува дека Исламска држава, Ал Каеда и нивните ќелии и натаму планираат напади во Европа“, се наведува во предупредувањето.