Прегазен пешак

Пешак бил тешко повреден вчера на регионалниот пат Куманово- Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19.30 часот кога автомобил „фолксваген голф“, управуван од С.Б. (57) од село Орланци,  удрил во П.К. (40) од село Умин Дол.

Пешакот со тешки повреди бил пренесен во Клиничката болница Куманово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.