Прегазил 7-годишно дете и избегал

Непознато лице со автомобил „Пасат“ удрил во 7-годишно дете и избегал.

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 13.00 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец.

Детето било пренесено во Ургентниот Центар во Гостивар, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување.

Увид извршила екипа од ПС за БПС-Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата, како и за целосно расчистување на случајот.