Преговарачите на Брисел и Лондон постигнале договор за брегзитот

Преговарачите на Европската унија и Велика Британија постигнале договор за раздружувањето, објави официјално во четвртокот претседателот на Европската комисија на заминување, Жан-Клод Јункер, а постигнувањето на договорот го потврди и британскиот премиер Борис Џонсон, но договорниот брегзи се соочува со уште низа пречки.

„Каде што постои волја, постои договор – го имаме. Тое е чесен и урамнотежен договор за ЕУ и Обединетото Кралство и тоа е доказ за нашата решителност да изнајдеме решенија. Му препорачувам на Европскиот совет да го поддржи договорот“, објави Јункер на Twitter.

Договорот е постигнат неколку часа пред почетокот на самитот на челниците на државите и владите на членките на Европската унија кој ќе се одржува во четвртпокот и петок во Брисел.

Премиерот Џонсон, исто така, потврди дека Лондон и Брисел постигнале „одличен“ нов договор за брегзитот, и ги повика британските пратеници да го одобрат на седницата на парламентот во сабота.

„Имаме одличен нов договор со кој ја враќаме контролата. Сега парламентот треба да го доврши брегзитот во сабота, за да можеме да почнеме да се занимаваме со други приоритети, како што се животниот стандард, здравствениот систем, насилните злосторства и заштитата на природната околина“, додаде Џонсон.

Станува збор за договор на ниво на преговарачи кој сега треба да биде формулиран во правен текст и кој треба да ја добие поддршката од европска страна од челниците на членките на ЕУ, од Европскиот парламент кој треба да го ратификува, а мора да биде одобрен и од британскиот парламент кој трипати го отфрлаше договорот кој го постигна претходната британската премиерка Тереза Меј по повеќемесечни тешки преговори со еропските челници.

Тоа значи дека работата сѐ уште не е завршена, бидејќи нештата може да се искомплицираат и на еврапската и на британската страна. Дипломатски извори од ЕУ истакнуваат дека сосема е можно челниците на земјите членки, или некој од нив, да смета дека не може туку-така да одобрат меѓународен договор и да побараат анализа на постигнатиот договор.

Од британската страна, пак, веќе пристигна најавата од северноирската Демократска унионистичка партија (DUP) дека нема да го поддржат постигнатиот компромис. Лидерите на партијата објавија претпладнето во четвртокто дека не може да прифатата договор за брегзитот кој го предлагаат Џонсон и ЕУ, а по објавата на конечниот договор од DUP повторно тврдат дека и натаму се противат.

Демократска унионистичка партија (DUP), која е клучна за поддршката на Конзервативната партија во парламентот, објави дека нема да ги поддржи предлозите објави дека покрај решението за ирската граница, за нив е спорно и прашањето на ДДВ-то, кое го проблематизира и британската влада.

Поддршката на DUP, која во парламентот ѝ овозможува на Кознервативната партија мнозинство во британскиот парламент, е пресудна, бидејќи некои поборници на брегзитот од северноирската партија најавуваат дека ќе ги следат ставовите на партијата по прашањето на најтешкиот дел од договорот на владата на Борис Џонсон и ЕУ – ирската граница. Џонсон нема мнозинство во парламентот кој има 650 мандати, а за ратификација на договорот ќе му бидат неопходни 320 гласови. Северноирската DUP може да му овозможи десет гласови.