Преговори со ЕУ час поскоро, но без никакви условувања

Денеска имаме држава, ама денеска немаме слобода. Тврдината што ја правеа револуционерите, СДСМ денеска ја урива парче по парче, изјави во петокот челникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест пред Собранието од пред споменикот на ВМРО.

Мицкоски притоа испрати три пораки со коишто, како што кажа, одговара на тврдењето на власта дека ВМРО-ДПМНЕ нема мислење по ниту едно прашање значајно за земјата.

„Прво Македонија мора да отпочне преговори со ЕУ час поскоро тоа е нашата единствена иднина. ВМРО беше создадено за таа европска иднина. Македонија даде илајдници жртви против фашизмот и комунизмот.да не се заборави тоа, ниту, пак,  улогата кога се распаѓаше Југославија, бегалците на кои им отворивме врати, на нашите војници во светот. Македонија е браникот во кој се бранеше Европа од мигрантските бранови. Македонија дала и секогаш дава за Европа. Вистинско време е  и Европа да му даде на овој народ иднина без никакви уцени и условувања“ порача  Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ притоа се обрати и кон политичките фактори во соседна Бугаријам, од коишто бара да не очекуваат договор со премиерот Зоран Заев на штета на македонскиот народ.

„Увререн сум дека и вам не ви требаат понижени соседи. Со мафијашка структура на власта на Заев не можете да се договорите, зашто тој го менува мислењето  по неколкупати на ден“, рече Мицкоски

Притоа повтори дека дека бугарски политичари со коишто тој разговара му потвридле дека од Заев бараат „да го исполни она што го ветил“.

И третата порака на Мицкоски се однесуваше на прашањето за Гоце Делчев и македонскиот јазик.

„Доколку навистина биде признаено и прифатено дека Гоце Делчев е роден во Македонија, а тој е Бугарин по нација, а македонскиот јазик е признаен како дел од бугарскиот и тоа Заев го преточи во одлука, таа одлука веднаш ќе ја поништиме кога ќе дојдеме на власт и ВМРО-ДПМНЕ  никогаш во иднина нема да ја почитува“, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од протестот пред Собранието порача дека недозволиво е да се прифатат предлозите на Бугарија за решавање на отворените историски прашања.

„Ако биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е Македонец а по нација Бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата“, изјави Мицкоски.

Рече дека, и наспроти тврдењата на власта,  ВМРО-ДПМНЕ има став за сите значајни прашање кои се однесуваат на националните и државните интереси.

„ВМРО-ДПМНЕ има став за сѐ, како што магарешката влада на Заев нема решено ниту едно прашање. Тој вели дека ги отворил портите за ЕУ, но зад нив стои амбис. Тој се игра со нашата историја. Работата дојде дотаму што од другата страна да ни праќаат полк да урива, ама нема од овде реакција“, рече  Мицкоски..

Се осврна и на начионот на справување на власта со коронакризата, но и корупцијата во власта.

„Имаме работа со влада за која магарињата се поскапи од човелките живот.Не е само Лидија Димова одговорна за магарешките работи на Зоран Заев. Власта е во фаза на византиска пропаст. Бидјеќи во неа е се фиктивно како што е фиктивен часовникот – рече Мицкоски.

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ почн од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром и заврш пред Собранието.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.