Прекршок поради кој трајно ќе ви биде одземено возилото

Трајно одземање на возилото и глоба во износ од 500 евра следува доколку ја скршите наплатната рампа на патарина. Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.

На барање на руралните средини  со измените на Законот  се овозможува заштитниот  појас покрај регионалните и магистралните патишта да не биде помалку од пет метри, наместо досегашните 20.

Со оваа одредба, појасни Јанакиески, ќе овозможиме да се легализираат  определен број објекти и да се урбанизираат  определени подрачја.

Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации  во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столбчиња на патиштата во општините и Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.