Прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и Штип

Државната изборна комисија ќе иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

На денешната седница на Комисијата делумно беше прифатен приговорот од ВМРО – ДПМНЕ за договорот склучен од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски со Агенција за обезбедување имот и лица во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки. За склучениот договор, утврди ДКСК, се работи за финансиски средства предвидени во годишните јавни набавки, меѓутоа спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината и објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постпка против градоначалникот на Штип е во врска со дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства и за Ј.П „Исар”, со помош на ЈП.„Македонија пат” и „Македонски шуми”, како и ТТПЕ.