Пресврт – Јаја Туре останува на “Итихад” и следната сезона

Фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре, ќе остане да настапува во истиот клуб и следната натпреварувачка кампања, потврди неговиот менаџер.

Со оваа информација, тој го демантираше сопственото тврдење дека репрезентативецот ба Брегот на Слоновата Коска речиси сигурно, со “90 отсто сигурност” ќе го напушти Манчестер Сити.

Четирикратниот најдобар фудбалер на Африка го постигна единствениот гол во финалето од ФА купот во 2011-та година.

Даде и значаен придонес за тимот при освојувањето на титулата фудбалски првак на Англија во 2012-та и 2014-та година.

Договорот на Туре истекува во 2017-та година, седум години по доаѓањето од Барселона.