Претепале продавачка во продавница, па ја ограбиле

Во 21 часот, вчера во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата „Борис Сарафов“ во колонијална продавница, четири непознати лица извршиле разбојништво врз вработената.

На жената ѝ нанеле телесна повреда, па и земале неутврдена сум пари од дневниот промет, пренесе полицијата.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош вработената била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“, за укажување лекарска помош.

Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.