Претепан таксист

Таксист бил претепан од двајца патници, на кои не им дозолил да запалат цигара, вчера во Скопје,информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 3 часот во СВР Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека околу 1.20 часот бил физички нападнат од две непознати лица. Инцидентот се случил на булеварот Партизански Одреди, откако претходно во таксито се качиле двајцата патници.

Патниците сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил. Откако стигналена булеварот Партизански Одреди едно од лицата почнало да го удира по глава, а другото лице со стаклено шише го удрилo во главата, по што побегнале. На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.