Претепана мајка и нејзиното бебе

Скопјанка и нејзината едногодишна ќерка со тешки повреди по телото биле донесени во Ургентниот центар, информираше МВР.

Случајот во полицијата околу 13 часот бил пријавен од Ургентниот центар. Кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.