Претепани 4 лица во физичка пресметка во угостителски објект во Градски парк

Денеска (15.07.2023) околу 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Градски парк бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Според пријавеното, неколку лица физички ги нападнале Д.К.(22) од с.Кучевиште, скопско, М.Д.(29) од с.Бразда, скопско, С.К. и Т.К..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.