Претреси и апсења во Кондово и Скопје

Скопската полиција во четвртокот приведе две лица од Скопје и околината, откако во нивните домови се изведен претреси во врска со тешка кражба извршена пред една седмица во скопската населба Ѓорче Петров, информираше во петокот Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од ЕВР ОКР Ѓорче Петров, по претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, во четвртокот извршиле претреси во домовите на 22-годишниот Е.Б.  од Скопје и на една година помладиот С.С. од скопското село Кондово, при што двајцата биле лишени од слобода.

Во врска со истиот сличај, точно пред една седмица во полициска станица бил повикан 24-годишниот А.А. од селото Љубин.

По преземените мерки и активности, расчистена е тешка кражба извршена на 19пти ноември во маркет во Ѓорче Петров, од каде биле одземени пари. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.