Претстави на Драмски театар од денеска на МРТ1

Драмски театар-Скопје соопшти дека почнувајќи од денеска во 23.40 часот, на МРТ1 ќе бидат емитувани претстави во негова продукција.

Прва ќе биде прикажана „Буре барут” од Дејан Дуковски во режија на Сашо Миленковски, која премиерно беше изведена пред четири години по повод 70 години од постоењето на Драмски театар.

За редоследот на следните претстави ДТС ќе извести дополнително.

Улогите во претставата ги играат: Лазе Манасков, Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Виолета Шапковска, Емилија Мицевска, Симон Мансковски, Сашо Тасевски, Благој Чоревски, Александар Степанулески, Рубенс Муратовски, Димитрија Доксевски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска. Автор на музиката е композиторот Венко Серафимов.