Придавката „македонски“ останува во предлог Резолуцијата за Македонија

Ховит од Македонија бара да направи се’ што може за напредок во аспирациите за европска интеграција.

Придавката ,,македонски“ останува во последниот предлог Резолуција  за Македонија потврди за дописникот на Нетпрес во Брисел известувачот за нашата држава во европскиот парламент, Ричард Ховит. Во последниот предлог тој побара изземање на придавката во амандманот 89 со цел како што вели да се испочитуваат предлозите на сите етнички групи во земјата и да се избегнат потенцијалните конфликти по етничка линија мегу децата на училишна возраст.

„Тоа не значи дека дека придавката нема да се најде на друго место. Мојата посветеност на оваа прашање останува непроменета“, рече Ховит.

На кое точно место ќе се употреби придавката ќе зависи од  конечното гласање на Европскиот Парламент во мај, но и со голема сигурност за тоа ке може да се говори и по последното разгледување на Резолуцијата во понеделник од страна на комисијата за надворешни работи. На АФЕТ ќе бидат разгледувани вкупно 170.