Прилепчанка доживеала хорор: На сила ја внесол во автомобилот и ја силувал

Триесет и едногодишната А.Р. од Прилеп доживеала вистински хорор. Таа во полиција пријавила дека завчера вечерта ја силувало непознато машко лице.

Како што информира полицијата, настанот се случил завчера вечерта, откако се враќала дома, во три часот по полноќ.

Според А.Р., непознатото лице управувало возило со битолски регистарски ознаки кога ја пресретнало на улицата „11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе. Таа се вознемирила и му рекла да си оди по што продолжила пеш кон нејзиниот дом. Сторителот повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре, се упатил кон периферијата на градот и извршил обљуба. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција.

Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед.

Полициската станица – Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.