Прилепско Беровци доби нова градинка

Во присуство на дополнителниот заменик министерза труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески денеска свечено беше пуштена во употреба новата градинка во населеното место Беровци.

Спасов истакна дека една од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е обезбедување на современи услови за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

-Една од формите на којашто активно работевме во изминатиов период за опфат на деца од предучилишна возраст е отворањето нови групи во други просторни услови, сè со цел достапност на услугата и за децата во руралните средини. Мрежата на јавни детски градинки во наредниот период ќе биде проширена ширум земјата бидејќи наша заложба е сите деца да имаат можност за згрижување и воспитание, независно од местото на живеење, а ние како министерство ќе направиме сè за тоа да им го овозможиме, истакна Спасов.

gradinka-b

Градоначалникот Ристески информираше дека општината вложила еден и пол милион денари за адаптација на просторот и за инвентарот.

-Новата градинка во населеното место Беровци, многу ќе и помогне на општината за згрижување на децата од претшколска возраст. Реализацијата ја чинеше општината 1,5 милион денари за инвентарот и градежните работи. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги прошируваме капацитетите. Лани во селото Тополчани отворивме градинка, за 100 деца се прошири капацитетот во постојната градинка во населбата Бончејца. Се надевам до крајот на оваа и почетокот на идната година уште 150 деца ќе бидат згрижени во претшколски институции зашто при крај е изградбата на објектите во населеното место Канатларци, а треба да биде отворена градинка и во Големо Коњари. Во меѓувреме ќе се вложат и 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп. На Прилеп му треба и градинка со голем капацитет и ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

gradinka-b2

Градинката ќе поседува канцеларии за персоналот, санитарии за децата и персоналот и влезна партија. Дворното место ќе биде уредено со спортски терени, училници на отворено и простор за одмор. Со ваков инфраструктурен зафат ќе им се олесни работата и децата и на родителите од населеното место Беровци. Градинката во Беровци ќе може да згрижи околу 20-тина деца.

gradinka-b4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.