Приливот на бегалци и мигранти во Грција се уште на ниско ниво

На Хиос вчера пристигнале 107 мигранти, додека на Лезбос не е регистриран ниту еден нов бегалец.

На Хиос, Лезбос и Самос во моментов има 7.078 идентификувани мигранти и бегалци кои се сместени во отворени кампови.

Во пристаништето Пиреја денеска има 1.407 бегалци и мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража. Голем број бегалци и мигранти вчера биле префрлени од пристаништето во објекти за сместување во Елеонас.

Во меѓувреме, во Пиреја вчера пристигна еден ферибот со 33 бегалци и мигранти од Митилена.

Денеска на грчка територија има 54.703 бегалци и мигранти беа во петокот, вклучувајќи ги и 118-те лица кои пристигнале на грчките острови во последните 24 часа, соопшти координативното тело за справување со бегалската криза.

Според последните бројки, 29.294 од бегалците се во северна Грција, 9.305 од нив се во Идомени, 14.437 се сместени во регионот на Атика, 8.615 се на грчките острови и 2.357 се сместени во различни области во централна и јужна Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.