Припор доби градинка

Првата детска градинка денеска беше свечено пуштена во употреба во населба Припор.

dime-500

Стaнува збор за градинката „Стапалче“ во рамки на Детската градинка „8 март“. Градинката е со капацитет за 75 дечиња и располага со две занимални, една повеќенаменска просторија и јасли наменета за најмалите дечиња.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ  денеска го пуштија објeктот во употреба.

deca-2

Министерот Спасов посочи дека општина Кисела Вода во изминатиов период даде голем придонес во зголемување на капацитетите на детските градинки во рамките на сопствената општина и e вистински пример кој што треба да го следат и сите останати општини во Р.Македонија.

-Се работи за заедничка инвестиција, пред околу еден месец ја отворивме првата градинка во Црниче, ова е веќе втор објект кој го отвараме за навистина краток време. МТСП  ја обезбеди опремата целосно за овој објект додека општина Кисела Вода инвестираше во реконструкција, адаптација на целокупниот процес што е значителна инвестиција од страна на општината, истакна Спасов.

deca-3

Министерот потенцираше дека како министерство и понатаму ќе продолжат да го следат планот од програмата за изградба на најмалку 40 објекти во Р.Македонија во четиригодишен период со околу 10 градинки годишно, при што нагласи дека планот за 2014 е постигнат и надминат за неколку објекти. Со истиот интензитет продолжуваме и во наредниот временски период.

deca-4

Градоначалничката  на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека просторот за градинката е обезбеден со реконструкција и преадаптирање на две простории од ПОУ „Круме Кепески“ и со доградба, а опремен е според сите модерни стандарди.

– Капацитетот на градинката е за 75 деца, а во моментов имаме 65 апликации. Има две занимални, повеќенаменска работилница и јасли, што значи градинката има можност да згрижува и деца од најмала возраст, а тоа е од девет месеци и нагоре. Предвидено е напраол во дворот на градинката да направиме уште една летна занимална каде децата и во топлите денови ќе имаат простор за активности, истакна  Беличанец-Алексиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.