Приведување на лица кои беа во домашен притвор за настаните од 27-ми април

Повторно се приведуваат лица за настаните поврзани за 27-ми  април, осомничените за случувањата во Собранието кои добија домашен притвор, во четвртокот вечерта повторно се апсат.

Дел од оние шестмина кои добија домашен притвор, полиција вечерва со лисици на раце ги изнела од нивните домови и ги носи во притвор во Шутка.

М.П. од Кавадарци кој доби домашен притвор пред околу доцна вечерта во четвтокот е собран од страна на полициски службеници поради, како што велат, уважена жалбата на ОЈО со која се барал притвор. Иста е и ситуацијата со кумановката Е.Д.Б. на која ѝ беше одреден куќен притвор.

Жалбите се на барање на обвинителката Вилма Русјаковска, а судот ги уважил жалбите на обвинителството.

Според непотврдени информации приведени се и останатите обвинети кои добија домашен притвор. Во куќен притвор беа С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј.