12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Призна ли Пендаровски дека СДСМ не тежи ниту 200.000 гласа!?

Според најновата анкета на агенцијата М-проспект спроведена во период од 22-26 април на 960 испитаници на македонски и на албански јазик, Гордана Силјановска Давкова води со 14% поддршка пред Стево Пендаровски. Силјановска е миленик и на младите од 18-29 години, како и на граѓаните од 30-39 годишна возраст.

Анкетите се спроведуваат за кандидатите за претседател на Република Македонија, но впечатлива остана една изјава на Стево Пендаровски од првиот круг на изборите дадена на 15.04.2019 година во интервју за телевизија Телма во емисијата Топ Тема, каде што Пендаровски во врска со својот и рејтингот на СДСМ кажа:

– Мојот рејтинг во мометов е поголем од партискиот рејтинг на СДСМ и е поголем од рејтингот на самата коалиција. Што значи дека имам поддршка и од неопределни.

Доколку Силјановска води пред Пендаровски, а рејтингот на СДСМ е уште понизок од тој на Пендаровски, па дури како што вели и самиот и од целата коалиција заедно, а истите освоија 323 илјади гласови на куп, тогаш дали според зборовите на Пендаровски, СДСМ не тежи ниту 200.000 гласови, и дали овој резултат на сегашната власт е најслаб резултат за СДСМ, послаб и од тој на Радмила Шекеринска остварен во 2008 година?- анализира порталот Курир.