Признание „Љупчо Филипов“ за стрип книжарницта „Бункер“

Единствената специјализирана продавница за стрипови во Македонија, сопственост на браќата Владимир и Јован Битољану, годинава е добитник на  Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија , именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.
Доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на традиционалниот мегународен стрип салон којшто се одржува во средината на октомври во Велес.

„Стрип центар на Македонија“-Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание  го наменува  за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас. Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз-автор, Диме Иванов-Димано -автор, Александар Сотировски- автор,, Ване Трајков- промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-млади автори и промотери, Томислав Османли,-сценарист и хроничар, Дарко Марковиќ – автор, Киро Донев-долгогодишен уредник на списанието „НАШ СВЕТ, редакцијата „Детска радост“ за своите сегашни и поранешни стрип изданија и Оливер Ромевски –стрип сценарист и промотер .

Освен доделување на ова годишно признание „Стрип центар на Македонија“ со седиште во Велес продолжува со успешните подготовки и на другите сегменти на овогодинешниот 12-ти по ред „Стрип салон“ . Според организаторите, во моментов  се дефинира финансиската конструкција, се вршат контакти со потенцијални странски и домашни гости, а доста успешно тече мегународниот стрип конкурс (повеќе на веб страницата www.comicscenter.mk)