Прободен 27- годишен затвореник во Идризово

Во СВР Скопје вчера околу 18.50 часот било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Идризово, по претходна расправија, затвореникот Р.Е.(36) од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот Д.П.(27) од Скопје.

Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.