Пронајдени 12 стебла „канабис“ во кочанско Оризари

При претресот во домот на Н.Г., пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети одземено е: 12 стебла од растението „канабис“, непозната прашкаста материја со бела боја, непозната растителна материја со зелена боја, рефлектор, вага, стаклено шише наполнето со непозната течност, алуминиумска фолија, прскалка со шише за наводнување и шест ароматици за наргиле. Во неговиот дом затекнат бил и М.В. од с.Прибачево, со кој заедно уживале „џоинт“. При претресот во домот на А.М., пронајдено и со потврда за привремено одземени предмети одземено е:непозната растителна материја, четири семки најверојатно од марихуана. Трите горенаведени лица се лишени од слобода, обавен е разговор и се наркотестирани. Истите се задржани во ПС-Кочани за понатамошна постапка.