Провокативна фотосесија на Тамара

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска, пејачката Аделина Тахири и манекенката и водителка Марјана Станојковска направија фотосесија за календарот на „Пелистерка” за 2015 година.

По петти пат, оваа компанија презентира календар кој на провокативен начин ги истакнува бенефитите на водата и ја слави македонската убавина.